Adam Abu-bashal
01 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
АБУЏА (АА) - Бројот на случаи на коронавирусот (Ковид-19) во Африка надмина 4,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на порталот „Worldometers“, на африканскиот континент досега се регистрирани вкупно 4.598.064 заразени и 122.119 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Бројот на оздравени пациенти со Ковид-19 е 4.123.118.
Најголем број на заразени на африканскиот континент се евидентирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис, Етиопија, Египет и Либија.
Најголем број починати од вирусот е забележан во Јужноафриканската Република и во Египет.
Во Африка, која има околу 1,3 милијарди жители, досега се дадени повеќе од 15 милиони дози вакцини против Ковид-19.