Şeyma Uzundere
26 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени лица од новиот вид коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 150 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, до сега 150.053.930 лица ја добија битката против Ковид-19.
Првите три земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во Соединетите Американски Држави (САД) оздравеа 27.606.442 лица, во Индија 24.350.816, и во Бразил 14.648.332 лица.
Во Турција од вирусот заклучно со денеска се излекуваа 5.045.508 лица.
Во светот 14.975.511 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 168.529.175, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 3.499.734 лица.
Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а на 11 март 2020 година Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.