Fuat Kabakcı
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 102 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 102.057.371 лице.
Како последица на вирусот во светот починаа 2.201.325 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 26.338.607 лица, додека од Ковид-19 починаа 443.769 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (10.720.971), Бразил (9.060.786), Русија (3.793.810), Велика Британија (3.743.734), Франција (3.130.575), Шпанија (2.792.360), Италија (2.515.507), Турција (2.457.118), Германија (2.194.562), Колумбија (2.067.575), Аргентина (1.905.524), Мексико (1.825.519), Полска (1.496.665), Јужноафриканска Република (1.437.798), Иран (1.398.841), Украина (1.211.593), Перу (1.119.685) и Индонезија (1.037.993).
Од друга страна, што се однесува до бројот на починати, по САД следуваат Бразил (221.676), Мексико (155.145), Индија (154.047), Велика Британија (103.126), Италија (87.381), Франција (74.800), Русија (71.651), Шпанија (57.806), Иран (57.736), Германија (56.220), Колумбија (52.913), Аргентина (47.601), Јужноафриканска Република (43.105), Перу (40.484), Полска (36.443), Индонезија (29.331), Турција (25.605), Украина (22.479) и Белгија (20.892).
Во светот регистрирани се 73.903.379 оздравени лица од вирусот, додека 25.949.207 лица се во процес на лекување.