АНКАРА
Бројот на починати поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 300.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починаа 300.254 лица, додека бројот на случаи со овој вирус во светот се искачи на 4.479.325 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 85.488 лица.
По САД, следуваат Велика Британија со 26.097 починати, Италија со 31.368 починати, Шпанија со 27.321 починат, Франција со 27.074 починати, Бразил со 13.551 починат, Белгија со 8.903 починати, Германија со 7.868 починати, Иран со 6.854 починати, Холандија со 5.590 починати, Канада со 5.302 починати и Кина со 4.633 починати.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни:
„Мексико (4.220), Турција (3.952), Шведска (3.529), Индија (2.564), Еквадор (2.334), Русија (2.305), Перу (2.169), Швајцарија (1.872), Ирска (1.497), Португалија (1.184), Романија (1.046), Индонезија (1.043)“.
Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.682.960 лица, додека 2.496.111 лица се во процес на лекување.