Bilal Acar
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
МАНЧЕСТЕР
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 181 лице поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.662, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди британското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа починаа уште 181 лице поради овој вирус.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.662.
Се истакнува дека откриени се уште 1.425 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се зголеми на 294.375.
Во последните 24 часа во земјата се направени 188.794 тестирања за Ковид-19, со што вкупната бројка на направени тестирања во земјата се зголеми на 6.624.676.