Hasan Esen
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 684 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 19.506, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Според ова соопштение, бројот на починати од Ковид-19 се искачи од 18.822 на 19.506 лица.
Во соопштението се наведува дека бројот на откриени случаи во земјата со раст од 5.386 се искачи на 143.464.
Се истакнува дека во последните 24 часа 18.401 лицe билo тестиранo за Ковид-19, со што вкупно се извршени 612.031 тестирањe.