Ekipa
10 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ЛОНДОН (АА) - Долги редици пред мобилните центри за вакцинација против Ковид-19 во Велика Британија, каде што почна да се шири варијантата Омикрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, предупреди дека околу милион луѓе можат да се заразат со Ковид-19 поради Омикрон.
Во Велика Британија вчера се регистрирани нови 50.867 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата во земјата достигна над 10,6 милиони.
Пријавени се и нови 149 смртни случаи, со што вкупниот број на починати како последица на коронавирусот се искачи на 146.135.