Ali Cura
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
МОСКВА
Во Русија досега се детектирани 493.657 лица позитивни на Ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи во оваа земја достигна бројка од 6.358, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции од инфекциите на коронавирусот во Русија објави дека во последните 24 часа коронавирусот е детектиран кај 8.404 лица, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 493.657.
Во исто време се забележува дека во подем е бројот на смртни случаи во земјата. Во последното деноноќие 216 лица ги загубија животите од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 6.358. Во истиот период оздравеле 10.386 лица заразени со коронавирусот, зголемувајќи ја бројката на оздравени на 252.783.
Според статистичките податоци, во Русија е забележано намалување на процентот на новозаразени од 1,8 на 1,7 проценти. Кај новодетектираните лица позитивни на Ковид-19, 34,8 % немале симптоми на болеста.
Во главниот град Москва, каде што се намалени превентивните мерки преземени против ширењето на пандемијата на новиот тип коронавирус, продолжува намалувањето на новодетектираните лица позитивни на вирусот на дневно ниво. Во последните 24 часа 1.195 лица биле позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во главниот град на Русија се искачи на 199.785, додека во истиот период се регистрирани 56 смртни случаи, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 3.085.
Во соопштението на руската Служба за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите се вели дека во последните 24 часа извршени се 290.000 тестирања, со што вкупниот број на извршени тестови се искачи на над 13.500.000.
Покрај тоа, во соопштението се вели дека 318.000 лица се наоѓаат под надзор.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во репортажа за „Си-ен-ен“ истакна дека не се согласува со тврдењата дека податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјата се мали бидејќи Русија пријавува мал број на смртни случаи во однос на бројот на заболени.
Тврдејќи дека здравствениот систем во Русија е ефикасен, Песков истакна: „Во нашата земја се изработуваат многу голем број тестови за Ковид-19. Колку голем број тестови ќе направите, толку е поголема можноста за детектирање на бројот на заразени.“
Новиот тип коронавирус во Русија за првпат е регистриран на 31 јануари, додека првиот смртен случај како последица на заразеност со Ковид-19 е забележан на 19 март. Кон крајот на март во оваа земја беа воведени превентивни мерки против ширење на пандемијата.
Во подрачјата во кои бројот на заразени е мал започна процесот на олабавување на превентивните мерки, а заедно со тоа и задолжителното носење маски и ракавици во затворени простории и преполни средини.
Забраната за излегување на улица, што во главниот град Москва е воведена на 30 март, беше укината на 9 јуни.