Burak Bir,Ali Murat Alhas
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 1.467 случаи на заразување од Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 181.298, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на оздравени достигна 153.379, додека 732 пациенти се на интензивна нега, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Бројот на починати од вирусот изнесува 4.842, од кои 17 смртни случаи се пријавени во последните 24 часа.
Здравствените работници спроведоа речиси 47.000 тестови во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на извршени тестирања изнесува над 2,72 милиони.
Откако за прв пат се појави во Кина во декември минатата година, коронавирусот се прошири во најмалку 200 земји и региони од светот.
САД и Бразил во моментов се најтешко погодени земји од новиот тип на коронавирус.
Од пандемијата починаа повеќе од 443 илјади лица, детектирани се речиси 8,2 милиони потврдени случаи на заразување и над 4,2 милиони оздравени лица.