Hasan Esen
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ЛОНДОН
Новиот тип на коронавирус во Велика Британија последните 24 часа одзеде 233 животи, со што вкупниот број на починати во оваа земја се зголеми на 41.969, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британското министерство за здравство објави дека последните 24 часа бројот на лица позитивни на Ковид-19 е зголемен за 1.279, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 298.136.
Во последното деноноќие починаа 233 лица, зголемувајќи го бројот на смртни случаи како поледица на заразеност со коронавирусот на 41.969.
Последните 24 часа извршени 113.107 тестови. Вкупниот број на тестирања од почетокот на пандемијата во оваа земја изнесува 6.981.493.
Според бројот на смртни случаи, В.Британија се наоѓа на врвот во Европа, а трета во светот зад САД и Бразил.
- Фази на нормализација на состојбата
Ограничувањата во движењето во Велика Британија стапија во сила на 23 март, а на 13 мај беше вовено првото олабавување на овие мерки со овозможување на излегување за спротски активности, а им беше дозволено да одат на работа оние кои тоа не може да го прават од дома, како што се работниците во градежништвото и производствената индустрија.
Втората фаза започна на 1 јуни кога беа отворени уличиштата и започнаа спортските натпревари, а на 15 јуни беше донесена одлука да се отворат сите продавници за малопродажба.