Hasan Esen
30 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 53.135 нови случаи со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на британското Министерство за здравство, бројот на случаи се зголемил за околу 20 проценти во споредба со претходниот ден и достигна 53.135.
Во земјата, во последното деноноќие регистрирани се 414 смртни случаи како последица до Ковид-19, со што вкупната бројка е зголемена на 71.567.
Советничката на Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија, д-р Сузан Хопкинс, истакнувајќи дека случаите со Ковид-19 достигнаа досега невидено ниво, рече: „Оваа ситуација предизвикува огромна загриженост, особено со оглед на исполнетоста на нашите болници.“
- Експертите бараат нов карантин -
Од друга страна, експертите, наведувајќи дека треба да интервенираат на повеќе пациенти отколку во првиот бран, бараат по третпат да се прогласи национален карантин за да се спречи можната катастрофа.
Професорот Ендрју Хајвард, член на Советодавната група за закани од нови респираторни вируси (NERVTAG), која е поврзана со британската Влада, нагласи дека главната причина за зголемување на случаите е тоа што не се преземени построги мерки против вирусот што брзо се шири.
- Во болниците има повеќе пациенти отколку во првиот бран
Во Велика Британија каде што од вирусот починаа 71.567 лица, најмногу во Европа по Италија, се појави нов вид вирус кој се шири 70 проценти побргу.
Оваа појава се рефлектира негативно на бројот на случаи. Бројот на луѓе кои се лекуваат од Ковид-19 во болниците се зголеми на 20.426. Во првиот бран најголемата бројка на пациенти кои се лекуваа во болниците изнесуваше 18.974.