Muhammet Nazım Taşcı
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
АНКАРА
Во Индија, бројот на случаите со Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за 6.767, со што вкупната бројка се искачи на 131.868, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на телевизија НДТВ (NDTV), Министерството за здравство и благосостојба на семејството на Индија соопштило дека во последните 24 во земјата се регистрирани 6.767 новозаразени.
Ова е „најголемото дневно зголемување на случаите со Ковид-19“ забележано од 30 јануари, кога вирусот за првпат беше откриен во земјата.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 147 лица.
Три дена последователно бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 во земјата е над 6.000.
Бројот на случаи низ целата земја се искачи на 131.868, а бројот на лица што ги загубија животите на 3.867.
Во државата Махараштра, која е најпогодена од епидемијата, бројот на заболени достигна 47.190, а бројот на починати 1.577.
Бројот на лица што се излекуваа низ целата земја се зголеми на 54.441.