Ahmet Dursun
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 20.502, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 126 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 20.502.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 2.028 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 356.792.
Според Лари, 3.850 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 307.702 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 2.711.817 тестирања за Ковид-19.