Muhammet Kurşun
23 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 31.985, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 починале уште 335 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 31.985.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 6.134 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 556.891.
Според Лари, 4.933 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 446.685 лица. Таа нагласи дека во Иран досега се направени 4.685.727 тестирања за Ковид-19.