Barış Seçkin
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
РИМ (AA) – Во Италија од последиците на заразување со новиот тип на коронавирус денес починаа уште 97 лица, со што вкупната бројка на жртвите е зголемена на 463, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ангело Борели, генералниот директор на Цивилната заштита, на конференцијата во Рим ги соопшти последните податоци во врска со заразувањето од коронавирус.
Борели рече дека со коронавирус моментално се заразени 7.985 лица, а вкупната бројка на заразени, вклучувајќи и смртно страдани и оние кои оздравија е зголемена на 9.172.
Додаде дека во однос на вчерашната состојба, починаа уште 97 лица, со што бројот на починати е зголемен на 463.
Воедно, денес оздравија 102 лица, со што вкупната бројка на луѓе кои се опоравија е зголемен на 724.