Barış Seçkin
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
РИМ (АА) – Во Италија, лицата што се противат на тоа вакцината против Ковид-19 да биде задолжителна, протестираа во Рим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Рим се одржаа протести поради фактот дека вакцината од утре станува задолжителна за лицата над 50 години.
Учеството на протестот против вакцините против Ковид-19, што беше организиран преку СМС-пораки, не беше на задоволително ниво.

Околу 300 демонстранти се собраа на плоштадот „Венеција“ во центарот на Рим и протестираа за примената на документот „Зелена пропусница“, потврда за примена вакцина против Ковид-19, за прележан Ковид-19 или за негативен резултат од тестот во последните 48 часа.
Демонстрантите истакнаа дека се собрале на мирен протест со реакција на однесувањето на полицијата која ги опколи.
Некои демонстранти пак, изразија и став дека во земјата е воспоставена диктатура користејќи го изговор Ковид-19.

На слабото учество на протестот реагираше и поранешниот генерал на жандармеријата и политичар, Антонио Папалардо, кој од почетокот протестира против мерките за борба против Ковид-19.
Папалардо исто така тврдеше дека безбедносните сили ги спречиле и оние што сакале да се приклучат на демонстрациите.
Поради протестите безбедносните сили презедоа интензивни мерки во центарот на Рим, особено на патиштата што водат кон зградата на Владата, и ја затворија улицата „Корзо“.
Поради групата што протестираше, полицијата извесно време го затвори за сообраќај плоштадот „Венеција“.