Barış Seçkin
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
РИМ (АА) - Италија вчера пријави 44.595 нови случаи на Ковид-19, највисокиот број на дневно ниво откако започна пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Италијанската новинска агенција АНСА (ANSA) објави дека претходниот рекорд беше на 13 ноември 2020 година со 40.902 случаи.
Со најновите бројки на дневно ниво, вкупниот број на заразени лица досега во земјата достигна 5,51 милион, според Министерството за здравство.
Во последните 24 часа, 168 лица во Италија починаа како последица на Ковид-19, доведувајќи го билансот на смртни случаи во државата на 136.245 лица.
Досега во Италија аплицирани се 107,43 милиони дози на вакцини; 46,17 милиони луѓе се целосно вакцинирани, додека над 16,36 милиони лица ја примиле третата доза.
Од декември 2019 година, пандемијата одзеде преку 5,38 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, со повеќе од 278 милиони случаи пријавени низ светот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“.