Fuat Kabakcı
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 6 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, а во Јужна Кореја 57 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална комисија за здравство истакна дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 6 нови случаи на вирусот.
Во соопштението се нагласува дека вкупниот број на случаи во земјата е зголемен на 83.036. Смртни случаи не се евидентирани.
Во Кина до денес од вирусот починаа вкупно 4.634 лица.
Од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 57 нови случаи на Ковид-19, од кои 27 во Сеул, а останатите во другите градови. Исто така смртни случаи не се евидентирани.
Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 11.776, а од коронавирусот починаа 273 лица.