Admir Fazlagic
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се потврдени три нови случаи на коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на заразени со овој вирус во земјата се искачи на 26 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Состојбата на сите пациенти е стабилна, непроменета од вчерашниот ден. До денеска вкупно во земјава има регистирано 26 заболени пациенти. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројцата пациенти коишто се тестираа на клиниката Жан Митрев и денеска во Инстутот за јавно здравје ги направивме контролните тестови со цел да бидат унифицирании. Го потврдија нивниот резултат. Станува збор за пациенти од Скопје“, изјави министеорт Филипче на прес-кофнеренцијата во Владата.
Тој рече дека од заразените пациенти со коронавирус, 17 се во Скопје, а 9 се во Дебар.
Министерот Филипче додаде и дека „епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата, и понатаму намалување, спласнување на случаите."
„Очекувано е, согласно сите овие епидемиолошки податоци кои ги знаеме, движењата на луѓето, бројот на заболени, во периодот кој што доаѓа да се зголемува. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки, ги дополнивме, ќе преземаме и понатаму сè што треба, сè со цел да застанеме на пат“, истакна Филипче.
На новинарско прашање кога го очекува најголемото зголемување на заразени со коронавирусот во Северна Македонија, министерот Филипче одговори:
„Тешко е да се предвиди, и ова што ќе го кажам земете го со резерва заради тоа што се ова некои претпоставки, проценки, математики... Можно е бројот на пациенти заболени во нашата земја да достигне до 2.000, а пикот да биде за некаде еден месец од сега.“
За време на прес-конференцијата, министерот Филипче беше запрашан и за проблемот со маски, кои граѓаните ги користат како превентивна мерка против коронавирусот.
„Маските не се нешто што нè загрижува, навистина имаме повеќе од 20 и неколку илјади на располагање и дозвола и од Бирото за јавни набавки и од Државната комисија за спречување на корупцијата согласно итноста на ситуацијата. Не само Министерството туку и секоја институција да набавува за себе. Зборувавме со наши производители во врска со производство на дезинфециенси, не уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено. Не размислуваат во овој момент за извоз. Не мислам дека во овој момент, и во скоро време, тоа да биде некаков проблем“, порача министерот Филипче.
Потсетуваме, во Северна Македонија вкупната бројка на заболени од коронавирусот порасна на 27, од кои првата пациентка е излекувана.
Владата на Северна Македонија донесе низа мерки против ширењето на коронавирусот, меѓу кои, од вчера, да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возил, за претставниците на дипломатскиот кор во земјата, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од главниот Координативен кризен штаб, кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.
Овие товарни возила или лица ќе влегуваат во Република Северна Македонија според посебни услови, согласно протоколот на Министерството за здравство.
Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, воени, карго, медицински, хуманитарни и празни летови.