Riyaz Khaliq
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Кина, Јужна Кореја и Австралија денес пријавија поголем број на заразени од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Јужна Кореја, здравствените власти соопштија дека бројот на заразени се зголемува и дека новите случаи кои влегуваат во земјата од странство го надминале бројот на локални новозаразени, јави новинската агенција „Јонхап“.
Во земјата регистрирани се 46 новозаразени, од кои 30 поврзани со рускиот брод закотвен во југоисточниот град Бусан, и еден смртен случај како последица на вирусот, се вели во веста, што се повикува на Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC).
Вирусот продолжува да се шири во Сеул и во неговата околина.
Јужна Кореја досега има пријавено 12.484 заразени со вирусот, и вкупно 281 смртен случај.
Рускиот брод ладилник тргнал од Владивосток, Русија, со екипаж од 21 лице.
Од сите пријавени случаи, оздравеле 10.908 пациенти.
Јужна Кореја од 3 јануари има спроведено вкупно 1.196.012 тестирања за коронавирусот.
- Во Кина регистрирани 22 случаи на Ковид-19
Националната здравствена комисија на Кина потврди 22 нови случаи, од кои 13 во главниот град Пекинг, смртни случаи не се евидентирани.
Кина пријави 1.885 случаи на Ковид-19 „увезени“ од странство, а досега земјата има потврдено 83.418 случаи и вкупно 4.634 смртни случаи.
- 18 нови случаи на вирусот во Австралија -
Здравствените власти регистрираа уште 18 случаи на коронавирусот во Австралија, од кои 17 во државата Викторија.
Поголем дел од новозаразените се од две основни училишта во Мелбурн, кои се означени како жаришта на Ковид-19.
Еден случај е пријавен во Нов Јужен Велс.
Австралија досега има пријавено над 17.000 случаи на вирусот, од кои 102 со смртен исход.
Од неговото појавување во кинескиот град Вухан изминатиот декември, новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони.
САД, Бразил, Русија и Индија моментално се најпогодените земји во светот.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 472.000 лица во светот, над 9 милиони се заразени, додека повеќе од 4,5 милиони го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во изминатите осум дена во светот регистрирани се еден милион новозаразени со вирусот.