Tufan Aktaş
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Неутрализирано е едно лице кое сакало да изврши самоубиствен напад во турската база за воена обука во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот амбасадор во Могадишу, Мехмет Јилмаз, за АА изјави дека е неутрализирано едно лице што сакало да изврши самоубиствен напад во Базата за воена обука (TURKSOM) во моментот кога се избирале нови студенти.
„Според првичните информации, лицето се обидело да излезе од толпата и да влезе внатре. Тоа било застрелано од сомалиските војници откако не го почитувало предупредувањето „стоп“. Во тој момент дошло до експлозија. Добивме информација дека еден цивил го загубил животот“, нагласи амбасадорот Јилмаз.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Терористичката организација „Еш-Шабаб“ често организира напади насочени кон безбедносните сили и цивилните населби.