Dmitri Chirciu
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
МОСКВА - Во Русија, во последните 24 часа се регистрирани 18.283 лица позитивни на коронавирусот, што претставува рекорден број од почетокот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега на дневно ниво. Вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот во Русија се зголеми на 1.599.976 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на инфекција со коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа бројот на заразени е зголемен за 18.283, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот период починале уште 355 пациенти кај кои било утврдено присуство на коронавирусот, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 27.656.
Од почетокот на пандемијата досега оздравеа 1.200.560 лице, од кои 14.519 во последното деноноќие.
Службата за јавно здравје и заштита на потрошувачите соопшти дека во изминатите 24 часа биле направени 582.000 тестови, вкупно 59,8 милиони досега.
Првиот случај на инфекција во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.