Ali Cura
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се детектирани 405.842 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, додека бројката на починати од вирусот се искачи на 4.693, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на инфекции од коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во Русија регистрирани се 9.268 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 405.842.
Во земјата во текот на последните 24 часа за првпат од 23 мај бројот на заразени со Ковид-19 се искачи над 9.000.
Со регистрирани 183 смртни случаи во последните 24 часа, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Русија достигна 4.693, а бројот на оздравени лица во последното деноноќие е зголемен за 4.414 лица и изнесува 171.883.
Процентот на дневен раст на лицата позитивни на тестот за коронавирусот во Русија изнесува 2,3 проценти, при што 40,8 проценти од новорегистрираните случаи немале симптоми на заразеност.
Главниот град Москва е центар на вирусот во земјата, каде што во последните 24 часа детектирани се 2.595 новозаразени, со што вкупната бројка достигна 180.791 лице, додека во последните 24 часа регистрирани се 69 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во главниот град е зголемен на 2.447.
Во соопштението на Центарот се вели дека 80.179 лица од главниот град оздравеле.
- За еден ден направени 327.000 тестирања за Ковид-19 -
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите информира дека во последните 24 часа се направени 327 илјади тестови, додавајќи дека досега се извршени 10.600.000 тестирања за Ковид-19.
Службата во исто време објави дека 305.000 лица се наоѓаат под надзор.