Dmitri Chirciu
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 24.187, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.399.334, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 15.099 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.399.334.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 185 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 24.187.
Оздравеа уште 5.377 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.070.576 лица.
Во Русија направени се над 53,8 милиони тестирања за Ковид-19.