Ali Cura
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Од почетокот на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Русија, во последното деноноќие се регистрирани 791 смртен случај, што е највисока бројка на смртни случаи на дневна основа во оваа земја, така што вкупниот број на починати достигна повеќе од 146.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави Рускиот центар за контрола и превенција на инфекции со коронавирусот, бројот на заболени од Ковид-19 во земјата е зголемен за 25.293 во последните 24 часа, достигнувајќи вкупно 5.882.295 лица позитивни на Ковид-19, додека бројот на оздравени е зголемен на 5.278.976, од кои 21.493 оздравеле во последните 24 часа.
Во Русија во последните 24 часа животот го загубија 791 лице, што претставува највисока бројка на смртни случаи на дневна основа од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на починати од последици предизвикани од Ковид-19 во Русија се искачи на 146.069.
Во главниот град Москва, бројот на регистрирани лица позитивни на Ковид-19 е зголемен за 5.237 во последните 24 часа, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот во овој град се зголеми на 1.448.835. Во истиот период во Москва поради Ковид-19 животот го загубија 101 лице, вкупно 24.068 од почетокот на епидемијата.
Вчера во Русија беа регистрирани 23.827 нови случаи на заразување со коронавирусот, а од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 786 лица.