Büşra Nur Bilgiç Çakmak
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Русија во последните 24 часа регистрираше 23.315 нови случаи на Ковид-19, што е пораст во однос на претходниот ден кога беа забележани 22.851 случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 од почетокот на пандемијата во земјата достигна 3,42 милиони лица.
Во текот на изминатиот ден од последици на Ковид-19 починаа 436 лица, што е помалку во однос на 456 смртни случаи кои беа регистрирани вчера. Вкупниот број на починати изнесува 62.273.
Вкупниот број на оздравени достигна 2.80 милиони лица, при што во последните 24 часа оздравени се 21.786 лица.
Во Русија кон средината на декември започна вакцинацијата против вирусот со вакцина Спутник V од домашно, руско производство. Според новинската агенција ТАСС, во земјата вакцинирани се околу 1,5 милиони лица.
Вчера беше соопштено дека едно лице било заразено со новата варијанта на коронавирусот откриена во Велика Британија, и дека сега заздравува.