Elena Teslova
20 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија денес е регистриран рекорден број на случаи на заразени со Ковид-19, од почетокот на пандемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 24.318 лица се тестирани позитивни на Ковид-19 во текот на изминатиот ден, се соопштува од Министерството за здравство.
И покрај дневниот раст на заразени, бројот на активни случаи опаѓа четврти ден по ред и изнесува вкупно 453.201.
До сега, 2.03 милиони лица во Русија се заразиле со вирусот.
Бројките во петокот соборија уште еден рекорд со смртни случаи кои ја надминаа границата од 35.000.
Најмалку 461 лица се регистрирани во текот на последниот ден.
Во истиот период, бројот на оздравени се зголеми на 24.758, со што вкупната бројка достигна 1,55 милиони.
Според бројот на заразени Русија е петта земја по ред во светот, пред неа се САД, Индија, Бразил и Франција.