Islam Doğru
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД), бројот на луѓе кои починаа од новиот вид коронавирус, Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за 2.410, со што вкупниот број се искачи на 26.059, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земји најмногу зафатени со епидемијата на Ковид-19, од ден на ден се зголемува бројката на смртни случаи и бројот на заразени.
Според најновите податоци што ги сподели универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени со вирусот во земјата се зголеми за 27.048 во последните 24 часа, достигнувајќи ја бројката од 609.685, а бројот на починати се зголеми за 2.410, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 26.059.
По САД, следи Шпанија со 177.633 случаи, Италија со 162.488 и Германија со 132.210 случаи.
Вреди да се забележи дека бројот на случаи во САД е поголем од вкупниот број на случаи во Шпанија, Италија и Германија.
- Центарот на епидемијата во САД е Њујорк -
Ако се погледне по држави, епидемијата најмногу ја погоди сојузната држава Њујорк, каде што за последните 24 часа бројот на детектирани случаи се зголеми за 7.191, со што вкупната бројка изнесува 203.337.
По Њујорк, следуваат соседната држава Њу Џерси со 68.824 случаи и Масачусетс со 28.164 случаи.
Во однос на смртните случаи, Њујорк се наоѓа на врвот на листата, таму од Ковид-19 починаа 10.842 лица. Потоа следува Њу Џерси со 2.805 и Мичиген со 1.768 случаи.
- Излекувани вкупно 49.966 пациенти -
Во САД, тестирање за Ковид-19 е направен на 3.120.318 лица. Во последните 24 часа излекувани се 5.658 лица, со што вкупната бројка на излекувани се зголеми на 49.966 лица.
Во земјата од коронавирусот во болнички услови се лекуваат 101.613 лица.