Hasan Esen
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија, во последните 24 часа поради новиот вид на коронавирус Ковид-19, починаа 761 лице, со што вкупната бројка се зголеми на 12.868. Од друга страна опозицијата ја обвини Владата дека мерките ги презела доцна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство, во земјата се зголемени смртните случаи од Ковид-19 од 12.107 на 12.868, а бројот на потврдени случаи со коронавирус во последните 24 часа е зголемен за 4.605, со што вкупната бројка изнесува 98.476.
Во последните 24 часа, тестирани се 11.170 лица. Вкупниот број на тестирани лица се искачи на 313.769.
- „Владата делуваше многу бавно“ -
Во меѓувреме, Кир Стармер, новиот лидер на најголемата опозициска Работничка партија, во изјавата за радиото „LBC“ ја обвини Владата дека делувала бавно.
„Загрижен сум дека ќе имаме повисока стапка на смртност од која било друга земја во Европа, и дефинитивно ќе прашуваме зошто е тоа така“, рече Стармер.
„Сметам дека Владата делува многу бавно“ рече Стармер и додаде: „Ќе треба да се вратиме назад, и за видиме зошто е тоа така.“
Стармер исто така побара од Владата да го сподели стратешкиот документ за условите под кои ќе се отстрани делумниот карантин.
- Владата се повлече од претходниот план за Ковид-19 -
Како првичен одговор на пандемијата, британската Влада усвои пристап на „колективен комунитет“, но порастот на бројот на потврдени случаи на вирусот и смртни случаи како последица на тоа, ги принудија британските власти да воведат построги мерки како што се социјалното дистанцирање и затворањето на училиштата.
Со одлуките донесени на 23 март, движењето е ограничено, затворени се сите трговски сектори, освен маркетите и аптеките.
Принцот Чарлс на 25 март, додека премиерот Борис Џонсон и министерот за здравство Мет Хенкок на 27 март, беа позитивни на тестот за коронавирусот.
Премиерот Џонсон беше хоспитализиран во неделата навечер, а следниот ден беше префрлен на интензивна нега. Тој на 9 април излезе од интензивната нега, и на 12 април се излекува и беше отпуштен од болница.
Принцот Чарлс и министерот за здравство, Хенкок, се излекуваа, без болнички третман.