Betül Yürük
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 1.064 лица, со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 114.189 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата земји во светот најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентар на пандемијата.
Според интернет-страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 19.139 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 2.046.577.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.064 лица, со што вкупната бројка на починати се искачи на 114.189.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи со Ковид-19, по САД следуваат Бразил со 742.084 откриени случаи, Русија со 493.657 случаи и Велика Британија со 289.149 евидентирани случаи.
Во американската сојузна држава Њујорк, која е најпогодена од епидемијата, бројката на случаи почна да се намалува, а од друга страна во сојузната држава Калифорнија и во државите на југот од САД почна да се зголемува.
Во државата Њујорк досега откриени се 400.660 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.603 лица.
По Њујорк следуваат Њу Џерси со над 167.000 случаи и Калифорнија со 137.000 случаи на Ковид-19.
Во САД досега се извршени над 22.164.000 тестирања за вирусот, додека бројката на излекувани лица од вирусот надмина 788.000.