Firdevs Bulut
25 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
БАЛТИМОР
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ објавени утринава, во светот од последиците на заразата со новиот тип коронавирус починале речиси 19.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека досега во глобалната пандемија на коронавирусот починале 18.919 лица, од кои на прво место е Италија со 6.820 смртни случаи. Потоа следуваат Кина со 3.281 починат, Шпанија со 2.991 и Иран со 1.934. Во Франција животот од Ковид-19 го загубија 1.100 лица.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 170 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус изнесува 423.121. Од последици предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.629 се излекувани.