Sorvar Alam
25 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА (АА) - Националната здравствена комисија (NHC) на Кина денеска објави дека во таа земја во последните 24 часа се потврдени 47 нови „увезени“ случаи на зараза со коронавирусот, додека не е забележано ниту едно локално заразување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дневниот брифинг за коронавирусот, Националната здравствена комисија појасни дека сите 47 новозаболени од Ковид-19 дошле од странство.
Се истакнува дека се забележани 4 нови случаи, од кои 3 во најтешко погодената покраина Хубеи, со што вкупниот број жртви во пандемијата на коронавирус во Кина изнесува 3.281.
Околу 491 пациент се излекувани и пуштени од болница, а пуштени се од медицински надзор и 1.215 лица кои имале близок контакт со заразените пациенти. Бројот на лица кои се наоѓаат во критична состојба изнесува 174.
Со последните бројки, бројот на случаи потврдени со Ковид-19 изнесува 81.218, а вкупниот број увезени случаи со зараза е 474.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 423.000. Од последици предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.000 се излекувани.