Ekipa
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Бахреин и Кувајт денес ги потврдија првите случаи на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку соопштение, Министерството за здравство на Бахреин потврди дека постои сомнеж оти еден жител на Бахреин, кој се вратил од Иран, е заразен со вирусот.
Кувајтското Министерство за здравство пак, соопшти дека три лица, меѓу кои и државјанин на Саудиска Арабија, кои се вратиле од Иран, се инфицирани со вирусот.
Иран веќе објави 12 смртни случаи од вирусот, кој досега се рашири во над 25 земји, меѓу кои и во САД, Велика Британија, Сингапур, Иран, Италија, Франција, Русија, Шпанија, Индија и други земји.
Светската здравствена организација (WHO) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.