Emre Aytekin
08 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
САН ДИЕГО
Соединетите Американски Држави (САД), своите државјани, евакуирани поради коронавирусот во кинескиот град Вухан, ги испраќаат во центрите за карантин формирани во воените бази, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) соопшти дека вчера во земјата стигнале над 800 луѓе евакуирани од Вухан.
Евакуираните се упатени во центрите за карантин во воените бази низ целата држава.
Џенифер Мекквистон од Центарот за контрола и превенција на болести соопшти дека под надзор се стотина патници кои вчера со авион се пренесени во воздухопловната база Лекленд во Сан Антонио. Дел од патниците со авион се пренесени во центарот за карантин во базата во Омаха.
Исто така, во центарот за карантин во базата во Сан Диего се пренесени и 65 евакуирани патници од Вухан. Во базата во средата слета авион со 160 патници.
Евакуираните во карантин ќе поминат 14 дена.
Како последица на заразата со коронавирусот во Кина досега починаа 723 лица, е едно лице почина на Филипините. Заразата се прошири во над 25 земји во светот.