Şenhan Bolelli
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на луѓе што починаа во Шпанија поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа се зголеми за 743, со што вкупната бројка се искачи на 13.798, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше информациите за Ковид-19.
Вчера од Ковид-19 починаа 637 лица, додека денеска бројот на починати се искачи на 743. Со оваа бројка во Шпанија досега од коронавирисот починаа вкупно 13.798 лица.
Од друга страна, бројот на потврдени случаи се зголеми за 5.478 во последните 24 часа, со што вкупниот број порасна на 140.510. Вчера беа дијагностицирани 4.273 лица.
Моментално, 7.069 пациенти се наоѓаат на интензивна нега (зголемување за 138 во однос на вчера), додека вкупниот број на пациенти кои се излекувани и отпуштени од болница е 43.208. Вчера биле излекувани 2.771 лице.
Од друга страна, според податоците на Министерството за здравство, бројот на починати во автономната административна единица Мадрид, најпогодена од вирусот, во последните 24 часа се зголеми за 235, со што вкупната бројка се искачи на 5.371.
Вкупниот број случаи со Ковид-19 во градот е 40.469, со зголемување за 1.746 лица во последните 24 часа.
Владата на соопшти дека вонредната состојба која беше донесена на 14 март во рамките на мерките преземени во борбата против Ковид-19, ќе ја продолжи до полноќ на 25 април.
Владата планира постепено да го намали опсегот на вонредната состојба и да активира некои деловни линии од 12 април.
За ова ќе се добие одобрение од Собранието во текот на оваа недела.