Şenhan Bolelli
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
МАДРИД
Во Шпанија како последица на заразување со Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа 605 лица, со што вкупниот број на починати достигна 15.843, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство на Шпанија е соопштено дека е потврдено заразување кај уште 4.576 лица и дека вкупниот број на заразени во таа земја во моментот изнесува 157.022.
Се наведува дека бројот на заразени на дневно ниво се зголемил за само три отсто, што е најмал пораст од почетокот на епидемијата во Шпанија, а забележан е најмал број на починати во последните 17 дена.
Во изминатите 24 часа се излекувани 3.503 заразени пациенти, со што вкупниот број на излекувани се зголеми на 55.668.
Жариштето на коронавирусот во Шпанија е сè уште Мадрид, каде што вкупниот број на заразени е зголемен на 44.783, а починаа вкупно 5.972 лица.
Шпанскиот Парламент, прифаќајќи ја одлуката на Владата, ја продолжи вонредната состојба до 26 април.