Gökhan Kavak
09 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АБУЏА (АА) - Источноафриканската земја Џибути ќе се задолжи кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за полесно да ја надмине кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Заменик-директорот на ММФ, Мицухио Фурусава, во соопштението истакна дека Управниот одбор на ММФ за Владата на Џибути одобрил 43,4 милиони долари во рамките на борбата против Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека последиците од пандемијата врз економијата на Џибути ќе бидат тешки.
„Владата на Џибути презеде одлучни чекори за соочување со последиците што ги остава Ковид-19 врз здравјето и економијата на земјата, поради што ѝ е потребна надворешна финансиска поддршка“, се додава.
Освен Џибути, кај ММФ се задолжија и други африкански земји како Кенија, Уганда, Малави, Бенин, Буркина Фасо, Централна Африканска Република, Чад, Коморските Острови, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Либерија, Мадагаскар, Мал Мозамбик, Нигер, Руанда, Демократска Република Сао Томе и Принсип, Сиера Леоне и Того.