Hamdi Yıldız
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) – Муслиманите денес со молитви влегоа во џамијата „Месџид-и Акса“, која со утринската молитва повторно беше отворена за богослужба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Администрацијата на Исламските фондации во Ерусалим од минарињата на „Месџид-и Акса“ соопшти дека со утринската молитва „Акса“ ќе биде отворена за богослужба.
„Месџид-и Акса“ беше затворена од 23 март, како дел од преземените мерки во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Од тој ден на верниците им беше забрането да влегуваат во џамијата. Само одговорните лица во џамијата продолжија со молитвите.
Израелската полиција околу „Акса“ не дозволи екипата на Агенција Анадолија да влезе внатре во џамијата и да ја снима утринската молитва.