Hakan Çopur
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.580 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 88.550 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 26.228 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.485.912.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.580 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 88.550.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 276.505 откриени случаи, Русија со 272.043 откриени случаи и Велика Британија со 240.161 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 356.016 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 27.574 лица.
Во САД досега се извршени над 11 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 327.000.