Muhammet Kurşun
13 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Генералштабот на Иран соопшти дека во рамките на борбата против коронавирусот Ковид-19 ќе бидат испразнети чаршиите, маркетите, трговските центри и улиците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранскиот началник на Генералштабот, генерал-мајор Мухамед Бакири, даде изјава по првата седница на штабот формиран во рамките на борбата против коронавирусот, по инструкциите на лидерот на земјата, Али Хаманеи.
Бакири истакна дека сите Иранци во рок од 10 дена ќе бидат здравствено контролирани, а тие што се сомнителни ќе бидат задржани на лекување.
Иранскиот функционер рече дека за тоа ќе бидат изградени 1000 здравствени центри низ земјата и дека прегледите ќе бидат извршени во клинички амбиент.
Генерал-мајор Бакири нагласи дека во рамките на борбата против коронавирусот, чаршиите, маркетите, трговските центри и улиците низ целата земја ќе бидат испразнети во рок од 24 часа.
Бакири, наведувајќи дека улиците ќе ги испразнат безбедносните сили во координација со гувернерите, ја повика јавноста да ги следи препораките на Министерството за здравство.