Gözde Bayar
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА (АА) - Истражувачите повикаа на потребата за итно справување со штетното влијание на пандемијата на Ковид-19 врз менталното здравје на луѓето и потенцијално врз мозокот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пандемијата на Ковид-19 има длабоко влијание врз сите аспекти од општеството, вклучувајќи го менталното и физичкото здравје“, пишува во студијата неодамна објавена во медицинското списание „The Lancet Psychiatry“.
Се додава дека психолошките и социјалните ефекти на Ковид-19 се огромни и можат да влијаат на менталното здравје сега и во иднина.
Во студијата се повикува на пространо набљудување на менталното здравје за што, како што пишува, потребно е ново финансирање и подобра соработка.
Во истражувањето се наведува дека Ковид-19 и состојбата на менталното здравје може да се набљудуваат преку паметни телефони.
Нагласувајќи дека дигиталниот одговор е клучен за луѓето погодени од вирусот, студијата откри дека социјалната изолација може да ги зголеми вознемиреноста, депресијата, стресот и другите негативни чувства.
Се советува луѓето да се видат и да останат во контакт со семејството и да спијат доволно за да ги ублажат тешкотиите во менталното здравје под стресни околности.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и се рашири во речиси сите земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е поголем од 137.000. Речиси 512.000 пациенти се излекувани.