Cemil Murat Budak
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 106.133, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 38.565 тестирање за Ковид-19, од кои 1.708 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 48 лица како последица на оваа пандемија, додека се излекувани се уште 2.103 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.547.389 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 146.457 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.055 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 944 лица, додека вкупно се излекувани 106.133 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Продолжува падот на бројката на интубирани пациенти и пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега“, напиша Коџа.