Barış Seçkin
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 44 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.345, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 26.274 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 338 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 236.989.
Излекувани се уште 1.505 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 176.370 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 44 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.345 лица.
Според соопштеното, 209 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.620.718 тестирања за Ковид-19.