Riyaz Khaliq
20 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
АНКАРА (АА) - Кина денеска потврди три нови смртни случаи од изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националната здравствена комисија се вели дека во Кина се потврдени само три случаи, од кои два во покраината Хубеи и 39 нови потврдени случаи на вирусот донесен однадвор.
Во соопштението се вели дека два дена по ред нема нов домашен случај на коронавирус.
Здравствените претставници велат дека два од три смртни случаи се потврдени во Вухан, каде што заразата за првпат беше потврдена во декември минатата година.
Според кинеските официјални претставници, вкупниот број случаи во земјата достигна 80.967, додека досега починале 3.248.
Во меѓувреме, Хонгконг денеска беше сведок на најголемиот еднодневен скок во регионот од 48 нови случаи на коронавирусот, пишува дневниот весник „Саут Чајна морнинг пост“ (South China Morning Post), при што вкупниот број потврдени случаи изнесува 256.
Најмалку четири лица починаа во регионот, додека 98 се излекувани.
„Во Јужна Кореја вчера беа потврдени 84 нови случаи, со што вкупниот број заразени изнесува 8.652“, јавува новинската агенција „Јонхап“.
Според здравствените претставници, најмалку 94 лица починале од коронавирусот во Јужна Кореја, додека 60 се наоѓаат во критична состојба.
Јапонија досега има потврдено 900 случаи, додека 33 лица починале како последица на вирусот.
Во Австралија се потврдени 681 случај, и 6 смртни случаи.
Вирусот Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан, Кина, во декември, и се прошири на најмалку 160 земји и територии. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија, а Европа стана новиот епицентар на вирусот.
Досега се потврдени вкупно 245.500 случаи на вирусот. Билансот на починати надмина 10.000, а над 86.000 лица се излекуваа.