Ali Cura
20 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
МОСКВА
Поранешниот разузнавач Роман Путин, братучед на претседателот Владимир Путин, најави дека ќе основа политичка партија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Роман Путин, поранешен вработен во Федералната служба за безбедност на Русија (FSB), сега бизнисмен, за весникот „Комерсант“ изјави дека ќе основа партија и ќе влезе во политиката.
Тој, не откривајќи го името на партијата која е пред основање, рече дека за ова прашање не разговарал со неговиот братучед, претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Мислам дека не е потребно одобрување за такво дејствување во нашата земја“, нагласи Роман Путин.
Роман Путин, тврдејќи дека партијата што ќе ја води ќе се бори против популизмот и ќе ги застапува интересите на мнозинството, рече: „Целосно ги поддржуваме политиките на рускиот претседател Владимир Путин и сакаме да придонесеме во позитивните напори на Владата.“
Осврнувајќи се на тоа дека рускиот претседател ќе може повторно да биде избран за претседател на Русија, Роман Путин нагласи: „Во однос на претседателствувањето, Владимир Путин нема алтернатива во Русија.“