Seda Sevencan
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската Национална здравствена комисија утрово соопшти дека во изминатите 24 часа од коронавирусот не починало ниту едно лице, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението се наведува дека тоа е прв ден без смртни случаи предизвикани од Ковид-19 уште од јануари годинава.
Истиот извор исто така извести дека во изминатите 24 часа во Кина се откриени 32 нови случаја на вирусот, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 81.740.
Во Кина од почетокот на епидемијата починаа 3.335 лица, а излекувани се 77.393 заболени.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот со коронавирусот заразени се 1.348.184 луѓе. Од последиците предизвикани од вирусот починаа 74.816 заболени, а 284.802 се излекувани.