Ekipa
07 Јуни 2022•Ажурирај: 08 Јуни 2022
ШЕНЖЕН (АА) - По повеќе од два месеци карантин, кинескиот град Шенжен започна да ги олеснува мерките против Ковид-19 воведени во рамките националната политика за нулта Ковид-случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Но, жителите од кои се бара да прават тестови за нуклеинска киселина на секои 72 часа, мора да чекаат во редици за тестирање за коронавирус, за да добијат резултати со кои им се дозволува присуство на јавни места како што се трговските центри, канцелариите, метрото и автобусскиот превоз.
Вчера Кина потврди 57 случаи на Ковид-19 од кои 39 поврзани со локални преноси и 18 од странство, според Националната здравствена комисија.
Земјата забележа значителен пораст на случаите на коронавирус во март и април, а Пекинг продолжи со својата политика на нулта толеранција за Ковид-19.
Шенжен, познат како кинеската Силиконска долина со население од 17 милиони, почна повторно да воведува мерки против коронавирусот на 13 март.