Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
18 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, при што повторно во Бразил е забележана висока бројка на починати на дневно ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последици предизвикани од новиот тип коронавирус во Бразил починаа 2.648 лица, 789 во Мексико, 195 во Аргентина, 130 во Колумбија, 193 во Перу, 27 лица во Чиле и 18 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.648 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 284.775.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 90.303, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 11.693.838.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на второто место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.287.057 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 789 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.455 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 195.908 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.175.462, а досега оздравеа 1.720.430 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на третото место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 195 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 54.231. Во истиот период детектирани се 8.304 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.218.425.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.003.121 лице заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 130 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 61.498.
Во последните 24 часа детектирани се 4.554 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.314.154. Во оваа земја досега оздравеа 2.212.512 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 193 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.207 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.435.598, од кои починаа 49.523 лица, а оздравеа над 1.347.160 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 27 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 21.816.
Во истиот период регистрирани се нови 4.395 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 905.212, а оздравеа вкупно 851.154 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 18 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.068.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 262.056, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.015. Досега оздравеа 207.643 лица позитивни на коронавирусот.