Ekip
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
БОГОТА
Бројот на дијагностицирани случаи на Ковид-19 во Бразил надмина 5 милиони, додека бројот на починати од овој вирус се приближува до 150.000, потврдија денеска здравствените власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјата пријави 31.553 нови случаи, со што вкупниот број на заразени достигна 5.000.694.
Над 36 милиони луѓе во светот досега се дијагностицирани со Ковид-19 и над 1,05 милиони починаа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
До 7 октомври Латинска Америка регистрира 9,8 милиони случаи на коронавирусот и 360.000 смртни случаи, што претставува 34 отсто од смртните случаи на глобално ниво.
- Аргентина
Бројот на потврдени случаи со коронавирусот во Аргентина денеска достигна 840.915, со седумдневен последователен просек од околу 12.500 новозаразени дневно. Во земјата од вирусот починаа над 22.000 лица.
Аргентина имаше еден од најдолгите карантини во светот. Започна на 20 март, кога Владата беше принудена да ги ублажи ограничувањата за да помогне во заживување на економијата и да ги намали високото ниво на сиромаштија и рекордните стапки на невработеност.
Медицинските професионалци нагласија дека ниските стапки на тестирање и слабите ограничувања предизвикале висока стапка на заразување.
- Венецуела
Според податоците на Владата, досега во Венецуела има речиси 80.000 потврдени случаи на коронавирусот и 665 смртни случаи, релативно низок број на случаи во споредба со другите латиноамерикански соседи.
Венецуелската Влада вели дека повеќето „увезени“ случаи доаѓаат од соседна Колумбија.