Ekipa
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Вкупниот број на случаи со коронавирусот Ковид-19 во Африка се искачи на 183.474, соопшти денес Африканскиот центар за контрола и заштита од болести, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку 5.041 пациент починаа досега од коронавирусот на континентот, додека вкупно 81.367 пациенти се излекувале.
Северна Африка досега регистрира 53.000 случаи, а Египет, Алжир и Мароко се најтешко погодените земји во тој регион.
Во Јужна Африка има дијагностицирано 48.600 случаи, Западна Африка 41.000, Источна Африка 21.300 и Централна Африка 19.600.
Во Северна Африка регистрирани се вкупно 2.200 смртни случаи од кои само во Египет починале 1.200 лица, во Алжир 698 и во Мароко 208.
Од коронавирусот во Јужна Африка починаа најмалку 977 лица, 812 во Западна Африка, 615 во Источна и 436 во Централна Африка.
Во однос на бројот на дијагностицирани случаи, Јужна Африка е најтешко погодена, со досега потврдени 46.000 случаи.